Saturday, September 15, 2007


Скопје 24.06.2009

Нов систем на изучување новинарство на ФОН


Изучување на новинарски и репортерски вештини преку пракса, помалку седење во клупите и предавалните, нов систем на изучување на новинарство на универзитетот ФОН.

Уписите се во тек. Со поддршка од националните медиуми, предавачи од весници, телевизии и радија, со искуство ќе се подобри квалитетот на студирањето.

„Студиумот е така осмислен, да функционира така што 50 проценти од наставата е праксеологија. Повеќе од 50% од наставните предмети ќе ги водат и ќе ги држат најпознатите македонски новинарски имиња“, изјави Нано Ружин, Универзитет ФОН.

Медиумите како четврта власт во Македонија се многу важни во процесот на евроинтеграции.

„Новинарството е дежурен регулатор за развој на вистински правци во развој на демократијата, доаѓа во период кога Македонија е пред евроатлантските интеграции, кога општеството има потреба се повеќе да се отвора“, потенцира Ружин.

За главните уредници во медиумите ова е позитивен чекор, ќе доаѓаат подготвени новинари со добра пракса, а не само теорија.

„Пракса во самите редакции, значи идните новинари ќе можат од блиску да се запознаат што значи работа во редакција, што значи практична работа, што значи да се оди на терен, што значи да се истражува, што значи да се напише вест“, вели Младен Чадиковски од А1 ТВ.

„Мислам дека конечно новинарството во Македонија се ослободува од оние спреги од минатото кога новинарството се учеше само од теоретски аспект“, објаснува Исмаил Синани, уредник во Ал сат ТВ.

Наставата ќе се одвива на албански и македонки јазик. ФОН ќе отвара и нови факултети во Струмица и Гостивар.




„Сведмилк“ продадена на „Феникс Енерџи“

Скопје 12.02.2009



Американско-израелската компанија „Феникс Енерџи“ УСА ЛЛЦ успешно го заврши процесот на купување на „Сведмилк Македонија“ ДОО Скопје со што стана нејзин 100 процентен сопственик, соопшти денеска директорот на Бордот Моше Баум.

„Изминативе неколку недели имавме интензивни состаноци со најголемите доверители на компанијата, со млекопроизводителите и банките. На фармерите им заблагодаруваме за соработката. Тие се наши најголеми партнери, особено во овој транзициски период“, наведува Баум.

Сите документи вчера биле заверени на нотар, а денеска примопредавањето ќе помине и низ Централниот регистар, по што треба да почне исплата на долгот кон фармерите.

„Синоќа имавме средба со новиот менаџерски тим. Ни беше кажано дека првата половина од долгот ќе почне да ни се исплатува од понеделник. Денеска парите треба да поминат преку банките. Веројатно процесот ќе потрае неколку дена, зашто станува збор за поголема сума“, изјави Ствече Пивковски од Федерацијата на фармери.

Според него, останатите 50 проценти од долгот ќе биде подмирен до крајот на месецов. Млекото, пак, што се откупува сега, во февруари, ќе се исплаќа во март.

„Сведмилк“ на околу 2.500 фармери им должи над 3,5 милиони евра за откупеното млеко во изминатите седум месеци.




Документарниот филм за Тоше од денеска во Скопје и Битола

Скопје 12.02.2009



Документарниот филм „Тоше - најтешкото нешто - чекор до славата“, посветен на создавањето на последниот албум „The Hardest Thing“ на македонската мегаѕвезда, од вечерва ќе се прикажува во кино „Рамстор“ во Скопје и во Центарот за култура во Битола.

Филмот претпремиерно беше прикажан на денот на раѓањето на Тоше - 25 јануари, кога беше промовиран и постхумно објавениот албум на англиски јазик.

Режисер на филмот е Словенецот Боштјан Слатеншек, кој лично не го запознал Тоше, но на промоцијата истакна дека е многу задоволен што работел филм за голем уметник.

Филмот е приказна за момчето кое со својот глас и харизма стигна до ѕвездите и го следи создавањето на најновите песни кои Тоше ги снимил во Англија, Ирска и на Јамајка.

Во кино „Рамстор“ филмот ќе се прикажува до 16 февруари во двете сали, во термините 12, 14, 16, 18, 20 и 22 часот, а во Центарот за култура во Битола проекции ќе има во наредните десет дена.




Руски и американски сателит се судрија над Сибир

НАСА 12.02.2009


Првпат во вселенската историја НАСА регистрира судир на два сателита, пренесува МИА.

Американскиот комуникациски сателит од серијата „Иридиум“ се судри со руски комуникациски сателит на височина од околу 800 километри над Сибир.

При судирот на сателитите, а секој од нив тежи околу половина тон, се одвоиле неколку големи делови кои не претставуваат закана за останатите вештачки вселенски објекти во орбитата, се наведува во соопштението на НАСА.

Американскиот сателит е лансиран во орбитата во 1997 година, а рускиот во 1993 година, кој според НАСА долго време не бил во функција.

Курсна листа Среда, 11.02.2009 http://www.nbrm.gov.mk
Вал. Куп.



Сред.














Прод.
EUR61.1058



61.4129














61.7200
CHF40.5722



40.7761














40.9800
GBP69.6680



70.0181














70.3682
USD47.1241



47.3609














47.5977