Wednesday, June 24, 2009


Мојсовски: Вардар немаше амбиции за Европа



Иако ја загуби шампионската титула во домашни рамки, па нема да игра во елитната европска конкуренција, туку само во Купот на куповите, Металург е цврсто решен веднаш да се врати на македонскиот ракометен врв и да игра значителна улога на меѓународната сцена.

Затоа, веста за најскапиот трансфер во нашиот ракомет, преминот на Наумче Мојсовски од Вардар Про во Металург не е изненадување.

Македонскиот репрезентативец најавува оти неговиот нов клуб подготвува и нов потрес - нов тренер сигурно ќе биде Хрватот Лино Червар.

Претпоставувам спортскиот елемент е оној главниот што те водеше во Металург иако ја пропушташ шансата оваа година да играш во Лигата на шампионите. Сепак што е тоа што од Вардар те однесе во Металург?

„Мислам дека оваа година има големи шанси да се направи добра европска екипа, тоа прво го разговарав со Михајло Михајловски, претседателот на Вардар. Немаше некои амбиции за звучни засилувања, а знаевме дека ќе играме во Лигата на шампионите“, изјавува младиот Наумче Мојсовски.

„Тука беше првата пречка што не останав во Вардар. Моето потпишување во Металург се случува и со барање на новиот тренер на Металург, Лино Червар. Негов приоритет по доаѓањето во Металург беше моето донесување таму“, вели новото засилување на Металург.

Претпоставувам дека и финансискиот аспект не е за потценување, сепак ти си професионалец?

„Па да, не е за потценување да се направи таков трансфер од Вардар во Металург, треба да има и добра финансиска поткрепа. Знаеме какви се ривалите и времето поминува така да на крај се бројат финансиите“, вели Мојсовски.






Без разлика што нема да игра во елитното ракометно натпреварување. КПК и домашните трофеи, пред се шампионската титула се приоритет. Ке има ли Металург сега сили и квалитетен тим?

„Се надеваме дека ќе има, како што знаеме потпишале со нови два играчи. Се очекуваат и два-тројца нови играчи и се очекува опоравувањето на Ванчо Димовски. Металург го имаше костурот, значи тука се репрезентативци, Борко Ристовски, Ѓоргоновски, Миркуловски, Филип Лазаров, така да не е од почеток и се надеваме на тоа европско финале во КПК и враќање на титулата во првенството“, изјави младиот Наумче. Извор: A1 Tv





No comments: