Saturday, September 15, 2007


Скопје 24.06.2009

Нов систем на изучување новинарство на ФОН


Изучување на новинарски и репортерски вештини преку пракса, помалку седење во клупите и предавалните, нов систем на изучување на новинарство на универзитетот ФОН.

Уписите се во тек. Со поддршка од националните медиуми, предавачи од весници, телевизии и радија, со искуство ќе се подобри квалитетот на студирањето.

„Студиумот е така осмислен, да функционира така што 50 проценти од наставата е праксеологија. Повеќе од 50% од наставните предмети ќе ги водат и ќе ги држат најпознатите македонски новинарски имиња“, изјави Нано Ружин, Универзитет ФОН.

Медиумите како четврта власт во Македонија се многу важни во процесот на евроинтеграции.

„Новинарството е дежурен регулатор за развој на вистински правци во развој на демократијата, доаѓа во период кога Македонија е пред евроатлантските интеграции, кога општеството има потреба се повеќе да се отвора“, потенцира Ружин.

За главните уредници во медиумите ова е позитивен чекор, ќе доаѓаат подготвени новинари со добра пракса, а не само теорија.

„Пракса во самите редакции, значи идните новинари ќе можат од блиску да се запознаат што значи работа во редакција, што значи практична работа, што значи да се оди на терен, што значи да се истражува, што значи да се напише вест“, вели Младен Чадиковски од А1 ТВ.

„Мислам дека конечно новинарството во Македонија се ослободува од оние спреги од минатото кога новинарството се учеше само од теоретски аспект“, објаснува Исмаил Синани, уредник во Ал сат ТВ.

Наставата ќе се одвива на албански и македонки јазик. ФОН ќе отвара и нови факултети во Струмица и Гостивар.


No comments: