Saturday, September 15, 2007



„Сведмилк“ продадена на „Феникс Енерџи“

Скопје 12.02.2009



Американско-израелската компанија „Феникс Енерџи“ УСА ЛЛЦ успешно го заврши процесот на купување на „Сведмилк Македонија“ ДОО Скопје со што стана нејзин 100 процентен сопственик, соопшти денеска директорот на Бордот Моше Баум.

„Изминативе неколку недели имавме интензивни состаноци со најголемите доверители на компанијата, со млекопроизводителите и банките. На фармерите им заблагодаруваме за соработката. Тие се наши најголеми партнери, особено во овој транзициски период“, наведува Баум.

Сите документи вчера биле заверени на нотар, а денеска примопредавањето ќе помине и низ Централниот регистар, по што треба да почне исплата на долгот кон фармерите.

„Синоќа имавме средба со новиот менаџерски тим. Ни беше кажано дека првата половина од долгот ќе почне да ни се исплатува од понеделник. Денеска парите треба да поминат преку банките. Веројатно процесот ќе потрае неколку дена, зашто станува збор за поголема сума“, изјави Ствече Пивковски од Федерацијата на фармери.

Според него, останатите 50 проценти од долгот ќе биде подмирен до крајот на месецов. Млекото, пак, што се откупува сега, во февруари, ќе се исплаќа во март.

„Сведмилк“ на околу 2.500 фармери им должи над 3,5 милиони евра за откупеното млеко во изминатите седум месеци.


No comments: