Saturday, September 15, 2007



Документарниот филм за Тоше од денеска во Скопје и Битола

Скопје 12.02.2009



Документарниот филм „Тоше - најтешкото нешто - чекор до славата“, посветен на создавањето на последниот албум „The Hardest Thing“ на македонската мегаѕвезда, од вечерва ќе се прикажува во кино „Рамстор“ во Скопје и во Центарот за култура во Битола.

Филмот претпремиерно беше прикажан на денот на раѓањето на Тоше - 25 јануари, кога беше промовиран и постхумно објавениот албум на англиски јазик.

Режисер на филмот е Словенецот Боштјан Слатеншек, кој лично не го запознал Тоше, но на промоцијата истакна дека е многу задоволен што работел филм за голем уметник.

Филмот е приказна за момчето кое со својот глас и харизма стигна до ѕвездите и го следи создавањето на најновите песни кои Тоше ги снимил во Англија, Ирска и на Јамајка.

Во кино „Рамстор“ филмот ќе се прикажува до 16 февруари во двете сали, во термините 12, 14, 16, 18, 20 и 22 часот, а во Центарот за култура во Битола проекции ќе има во наредните десет дена.


No comments: